еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема решение за војната во Украина без САД, кажа Муцунски од Будимпешта

На заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, меѓудругото кажа дека секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на САД има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е позицијата на Македонија во однос на тоа дека единствен начин да се стави мирен крај на војната во Украина се разговорите меѓу САД и Русија, Муцунски посочи на неодамнешната Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН), која повикува на мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ

– Во последните години сите зборуваме за почитување на меѓународното право и неговите принципи. Сега имаме правно-обврзувачка Резолуција да бараме мир. Секој што мисли дека изнаоѓање на решение на таков тип на војна и конфликт, со такви гео-стратешки импликации, секој што мисли дека тоа може да се оствари без САД, има несериозен и неискрен пристап кон овој конфликт, рече Муцунски, кој нагласи дека надворешната политика на Македонија се базира на три константи: полноправно членство во НАТО, усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и стратешко партнерство со САД.

– Нашата надворешна политика како држава има три константи – нашето полноправно членство во НАТО и да останеме кредибилен партнер во НАТО, нашата 100 процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и сме целосно усогласени со ЗНБП на ЕУ, и нашето стратешко партнерство со САД.

Пред сѐ и над сѐ во тој контекст е македонскиот национален интерес, и затоа повторувам дека сето ова што го правиме, сите одлуки што ги носиме се вклопени во таа рамка и се усогласени со нашите национални интереси, рече Муцунски, посочувајќи дека секоја одлука што ќе ја носиме ќе биде во рамките на овие три постулати, земајќи го предвид нашиот национален интерес, во консултација со сите наши клучни стратешки партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Унгарија се за мир во Украина, кажа унгарскиот министер на прес-конференција со колегата Муцунски

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокат го оспори бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ пред Уставен суд со барање за поништување на регистрацијата

Редакција

8.429 нови за 24 часа: Досега се самопопишале 130.009 во дијаспората

Редакција

(Видео) Историски успех: „Медена земја“ номиниран за „Оскар“ за најдобар документарец и странски филм

Редакција