еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Необична работилница за арт третман на велосипед-најава за Скопје дизајн вик

На 14. септември во Public Room во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week.

Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.

Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед.

Идејата на работилницата „Козметички третман на велосипед“, е да истражи дел од бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.

Сите заинтересирани за овој третман може да се пријават на [email protected]

Партнер на работилницата е Стопанска Банка Скопје.

„Недела на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Мала Станица, Јавна соба и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. Мотото на овогодинешното издание е „За новата генерација на Скопје“!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок“ тендер: МЕПСО купува лумузина и уште 20 патнички и товарни возила

Редакција

Досетлив билборд чат на новиот мобилен оператор МТЕЛ

Редакција

Гаќи, плажа, рекет и македонска (не)правда

Редакција