еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нерасчистени должничко-доверителски односи можна причина за убиството на 50-годишниот маж во Арачиново, велат од Обвинителство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено, информираа од таму.

„Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага,“ велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ново пукање во Арачиново убиен 50-годишен маж

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не се сретнал со Орбан во Дубровник

Редакција

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција

МВР потврди дека избегал Рамадани, ќе се бара со потерница

Редакција