еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, кој четврта година по ред се спроведува на сите пазари каде е присутна Групацијата.

За проектите одлучуваше интернационално жири составено од експерти со богато искуство во областа на претприемништвото и одржливоста, пришто беа избрани оние проекти за кои жирито сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци.

За поддршка на најдобрите идеи, НЛБ Групацијата обезбеди вкупен фонд од 100.000 евра.

Регионален победник во проектот „Рамка за помош“ за оваа година е Krožnik app – иновативно софтверско решение кое помага да се намалат ефектите од два големи проблеми во општеството: гладта и фрлањето на храна. Станува збор за апликација која ги поврзува корисниците со рестораните, кафетериите, пекарите и останатите локали на кои им останува вишок храна на крајот од денот. Апликацијата покажува листа на расположливи состојки и оброци од компании близу корисникот, по намалени цени, групирани во посебни пакети. Корисниците можат да ги истражат овие листи и да одберат продуктна група базирана на нивните преференци. Победничката идеја доби парична награда од 50.000 евра.

Второто место ѝ припадна на српската компанија Inclusio, која разви апликација што им помага на луѓето со разни инвалидитети и доби финансиска поддршка од 30.000 евра. Апликацијата има две компоненти, едната за лицата со попреченост, а другата за вработени кај даватели на услуги, на пример банки, супермаркети и сл. Откако лицето со попреченост ќе влезе во просториите, апликацијата го известува давателот на услугата, а нивниот персонал веќе знае каков вид на помош е потребна.

Решението Zuno Gomes на црногорската компанијa Alicorn, апликација за гејмификација на наставниот метод во образовниот процес, го освои третото место и доби парична награда од 20.000 евра.

Изборот на проекти за оваа година беше спроведен преку отворен конкурс од 29 јануари до 10. март, на кој организации од регионот имаа можност да пријават сопствен проект насочен кон решавање на социјално-општествените проблеми во заедницата и поттикнување на одржливоста.

На конкурсот се пријавија 272 организации од сите земји каде е присутна НЛБ Групацијата, а само во Македонија пристигнаа 70 апликации, од кои локална комисија ги одбра најдобрите 10 одржливи идеи во земјава.

Десетте финалисти НЛБ Банка Скопје ги наградува со парична поддршка во износ од 60.000 денари и бесплатната Visa картичка, а истите добија и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на Банката и медиумските партнери на проектот. Овие 10 решенија беа и дел од 60. регионални финалисти кои влегоа во завршната селекција.

Инаку годинава, учеството во проектот „Рамка за помош“ беше отворено за компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои даваат можности за одржливи идеи и проекти со социјална нота, без разлика на индустријата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсена жената која се обиде да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Редакција

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000

Редакција

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши Катица Јанева

Редакција