Информациите за „исчезнати“ работници од Непал дојдени да работат во Македонија станаа речиси секојдневна информација во билтените на Министерството за внатрешни работи.
Последната е дека од Скопје завчера „исчезнале“ тројца работници од Непал на возраст од 20 до 37 години.
Тие работеле во фирма во Скопје.
Изминативе месеци како што пишуваше еМагазин, голем број на работници од Непал избегаа од Македонија, а повеќе од очигледно е дека доаѓаат во земјава за да пребегат во некоја од земјите на Европската унија.
Досега од полицијата нема никаква информација дека бил пронајден некој од „исчезнатите“ работници од Непал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работниците од Непал не престануваат да бегаат од Македонија
Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија, „исчезнаа“ петмина од Охрид