еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе

Меѓународната Новогодишна кампања на Дојче Телеком со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ прикажува типично празнично сценарио: семејство кое се собира за најубавата прослава во годината. Сите се радосни што повторно се гледаат и покрај малку чудните прашања и очекувања од страна на роднините. Но, само едно прашање е навистина важно: „Дали си среќен?“

Ова е првата меѓународна кампања под новиот слоган на Дојче Телеком: „Connecting your world”, а токму тоа е и симболиката на кампањата: вистински човечки врски коишто ни значат.

„За време на празниците се спојуваат различни генерации со различни  стилови на живот, што природно води до спротивни гледишта и очекувања, коишто честопати се искажуваат преку малку непријатни прашања“, вели Урлих Кленке, главен директор за бренд на Дојче Телеком.

„Ние во Дојче Телеком се залагаме за различности, отвореност и толеранција. На сите треба да им биде дозволено да го живеат својот живот онака како што сакаат. Она што навистина е важно е длабоката врска којашто ја споделуваме со луѓето коишто ги сакаме и покрај разликите.“

Создавање емотивна блискост со искрени прашања

Приказната зборува за еден млад човек којшто доаѓа дома да го види своето семејство за Новогодишните празници. Наместо очекуваната радост и хармонија од семејната средба, тој е бомбардиран со прашања: „Кога веќе еднаш ќе го завршиш факултетот?“ „Најде ли девојка конечно?“ „Кога ќе добиеме внучиња?“

Расположението опаѓа сѐ до моментот кога неговата баба му го поставува најважното од сите прашања: „Дали си среќен?“ Во тој момент, оваа искрена врска помеѓу бабата и внукот фрла сенка врз сѐ друго.

Кампањата е создадена од Saatchi & Saatchi и промовира подлабока меѓучовечка блискост на еден весел и игрив начин.

Новогодишната кампања на Дојче Телеком се емитува во десет земји во Европа каде е присутна групацијата: Македонија, Словачка ,Германија, Хрватска, Црна Гора, Австрија и Полска, како и Романија, Република Чешка и Унгарија.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kонфигурирајте го својот нов Volvo автомобил онлајн

Редакција

Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески

Редакција

Патувачкото кино на МакеДокс во Штип, следуваат Кочани и с.Оризари

Редакција