еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заврши главната расправа за судењето на Зеќири, пресудата на 1. декември

Денеска, откако претходно завршни зборови дадоа Јавното обвинителство, одбраната и главниот обвинет, заврши главната расправа за судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Тој е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Обвинителката Катерина Коларевиќ на судењето меѓудругото рече дека Зеќири го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, Обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на Зеќири, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната на Зеќири пак посочи дека Обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека тој со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека тој само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата.

Во однос на предлогот на Обвинителството за одземање на средствата на неговата сопругата, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што Зеќири доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

Зеќири пак се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 386 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје 178

Редакција

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Редакција

Нови 779 случаи на Ковид-19, оздравени 477, починале четири лица

Редакција