еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Новогодишни пакетчиња со изминат рок на пазарот, бидете внимателни

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спроведоа вонредни контроли во магацини за пакување новогодишни пакетчиња и продавници што се занимаваат со продажба на истите. При извршените 62 контроли, откриени се неправилности во пакувањето, каде 4 оператори имале несоодветно означени пакетчиња, информираат од таму.

„Во три случаи, не беше наведено рокот на траење или датумот на минималната трајност на производите во пакетчињата, што доведе до наредба за повлекување на истите од продажба.

Понатамошните контроли откриле дека две пакетчиња содржеле производи со изминат рок на траење и со краток рок за употреба до декември 2024 година.

На операторите кои не ги почитувале регулативите, им било наредено повлекување на производите од продажба и нивно уништување. Издадени се решенија за отстранување на неправилностите, како и прекршочни пријави,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 95 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 37

Редакција

Грчката полиција знаела дека доаѓаат хрватските хулигани, црногорската дури им ги пратила и регистрациите на нивните автомобили

Редакција

Пожар кај Фурка, интервенира и армиски хеликоптер

Редакција