„Мегахит” е нов сингл на групата „Педро хоризонте“ кој е најава за деби албумот насловен како „Паранормални Мегахитови“ кој содржи 11 композиции.
„Промоцијата (слушачка и свирачка) ќе се случи на 17.05.2025 во просториите на Лабораториум, Скопје, со почеток од 13 часот.
Групата „Педро хоризонте“ постои од 2020 година и е своевидна супергрупа составена од неколкумина музичари со неколкудецениски музички стаж (Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевски, Владимир Митревски).
Албумот е снимен и продуциран и миксуван од Дени Крстев (студио 1060).
Промотивна објава
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.