еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е фирмата „Пуцко петрол“, која ја зголеми сопственоста во ОКТА

Фирмата „Пуцко Петрол„ ја зголеми својата сопственост во ОКТА, откако купи 1,565 акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуцко Петрол ја зголеми сопственоста во ОКТА

Сега поседува вкупно 93,530 акции или 11,05% од вкупниот број на акции на ОКТА.

Која е „Пуцко петрол“

Нафтената фирма „Пуцко петрол“ од селото Пласница на јавноста најмногу и е позната по добивањето на бројните државни и општински тендери.

Истата е во сопственост на семејството на поранешниот градоначалникот на Пласница од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, кој сега е пратеник на владејачката партија.

Јахоски беше градоначалник на Пласница цели 24 години, што е рекорд.

Роден е во март 1963 година, во Пласница, каде и завршил основно училиште, стои во неговата официјална биографија.

Има завршено средно економско училиште.

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Во 1993 година ја основал фирмата „Пуцко петрол“, која располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности.

Има четири деца, а сега компанијата ја води неговиот син, Асмир Јахоски.

Колку тендери добила компанијата лани?

Според извештајот за минатата година од редовниот мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации „Пуцко петрол“ е во топ три компании кои лани добиле најмногу тендери.

Лани компанијата склучила 413 договори во вредност од околу 50 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот поседува семејството кое е сопственик на „Пуцко петрол“

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Фото: Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.565 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ден на македонскиот јазик: Попусто го браниме од соседите кога со неписменост го уништуваме

Редакција

Димитров и Заев лежерно во Охрид

Редакција