еМагазин
Image default
Канцеларија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Митко Јанчев има две канцеларии

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е и косопственик на компанијата „Кожувчанка„, има две канцеларии.

Едната е градоначалничката во зградата на Општината, а другата во „Кожувчанка„.

Во првата како што вели поминува и по 10 часа на ден, а во втората оди во сабота, а понекогаш и не.

Вели дека не ја реновирал канцеларијата кога ја презел, туку само ја реорганизирал.

На бирото има и фотографија со неговите три деца, а како што вели повеќето од предметите во неговата канцеларија се подароци.

-Јас лично не придавам посебно значење на предметите и не се врзувам за нив, вели тој.

Едно ќоше е целото покриено со подарени икони.

Друго пак со бројни благодарници од невладини организации, спортски клубови, детски фестивали…

-Не се изложени сите. Немам место, вели тој.

Во неговата канцеларија свое место има и еден од најпознатите македонски сликари Петар Мазев, кој е роден во Кавадарци, како и од Влатко Темков.

На еден од ѕидовите висат и две карикатури со него, подароци од Кабинетот, кои дефинитивно го доловуваат неговиот дух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев за првпат зборува за приватниот живот: Како несудениот полицаец стана бизнисмен и градоначалник

Сите стории од рубриката на еМагазин, „Канцеларија“, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Петре Димитров

Во војната на страна на Украина се бореле 79 македонски државјани, загинале 26

Редакција

По референдумот: Русија внимателно ја следи состојбата во Македонија, очекува да се почитува законот

Редакција