еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 во октомври починале 11 лица

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во октомври од Ковид-19 починале 11 лица, а регистрирани се 535 заболени.

Во однос на претходниот месец регистрирано е намалување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 37,4%, a во однос на месец октомври лани е регистрира намалување на заболените од 54%.

-Од заболените во октомври 2023, најголем број на заболени (n=265) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (98,7/100.000) се регистрира во Кавадарци.

Регистрираи се 214 се реинфекции.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=272; 50,8%), стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Во текот на октомври се направени 2.400 тестови за Ковид-19, а процентот на позитивност е 22,3%.

Бројот на аплицирани дози на Ковид-19 вакцина во текот на месец октомври изнесува вкупно 20, од тоа 10 се прва, по 2 како трета и четврта и 6 како петта доза.

Заклучно со 31.10.2023 година, вакцинирани се вкупно 876.174 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 857.229 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори во Франција: Макрон остана без апсолутно мнозинство во Парламентот, владеењето станува невозможно

Редакција

Само во Македонија: Го полил возилото со бензин и го запалил пред полицајци кои му пишале казна

Редакција

Подвиг за почит: Сања Николовска Најдовски 19 пати едноподруго се искачи од Средно Водно до Врвот

Редакција