еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коалиција „Сите за правично судење“: Направени отстапки од ранг листата на кандидатите при избор на судии за Апелационен суд

На денешната седницата на Судскиот совет, при изборот на судии во Апелационен суд Скопје повторно беше направено отстапување од ранг листата на кандидатите, без притоа да бидат дадени соодветни образложенија за секое отстапување, односно за секој кандидат поединечно, реагираат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Наместо ова, како што стои во соопштението, членовите на Советот само констатираа дека поради пропусти во методологијата за рангирање на кандидатите, „пресудни ќе бидат други параметри и критериуми“, без воопшто да се наведе кои критериуми и врз основ на кој пропис.

„Коалицијата неколку пати до сега реагирала на тоа што Судскиот совет отстапува од воспоставената ранг листа на кандидати за судија во повисок суд, без притоа да даде какви било појаснувања за отстапувањето.

Во таа насока, Советот е исто така постојано критикуван од страна на граѓанскиот сектор за отсуството на образложенија на гласовите дадени против некој кандидат, како и за општите, генерички и апстрактни образложенија дадени на одлуките за избор, кои практично се повторуваат за сите кандидати,“ стои во соопштението.

Конечно, додаваат оттаму, 73 отсто од судиите во последните истражувања истакнале дека не веруваат дека изборот на судии во повисок суд се врши врз основ на објективни критериуми.

„Сѐ ова, наведува на заклучокот дека Судскиот совет мора итно да направи промени на оваа своја практика, доколку за истото има волја и капацитет,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет избра осум судии за Апелациониот суд во Скопје

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945

Редакција

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Редакција

Се организира протест „Правда за Никола Груевски“: Има некој што смета дека тој не треба да оди во затвор

Редакција