Вчера во Одделот на микробиологија, на Бактериологија, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Скопје, директно од бушони биле исклучени фрижидер и комора во кои се чуват реагенси, за испитување на заразни и незаразни болести, меѓу кои и за актуелната епидемија – голема кашлица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, се сомнева на саботажа, а дали се работи за намерно исклучување ќе истражува и Јавното обвинителство, кое оформи предмет
-Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија.
Се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена, велат од Обвинителството.