еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одложено судењето за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски се уште е на Клиниката за нефрологија

Одложени се рочиштата 7 и на 9. октомври за случајот за убиствата и грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје причината за одложувањето е влошената здравствена состојба на обвинетиот Боре Видевски, кој од пред неколку дена е хоспитализиран на Клиниката за нефрологија и не може да присуствува на истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинет за убиството и грабнувањето на Вања и Панче префрлен на Клиниката за нефрологија

„ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор ‘Скопје’ е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба.

Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9. октомври 2024 година ќе бидат отповикани“, велат од Судот.

Судењето ќе продолжи на 14. октомври, за кога е закажано следното рочиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ ќе сведочи на судењето за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Како сведоци тогаш треба да се појават и мајката, бабата и дедото на Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој од обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче не се чуствува виновен

Таткото на Вања е наместен од полицијата, кажа Палевски на денешното судење

И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерџан Шабанов чека на трансплантација на срце, потребни се средства за скапата терапија додека чека

Редакција

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

Редакција

Снимка од дрон: Има повеќе жртви во Бородјанка отколку во Буча, тврди Зеленски

Редакција