Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски Палчо, осомничен за две кривични дела – Убиство и две кривични дела – Грабнување, а поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, соопшти денеска Кривичниот суд.
„За истиот кривично – правен настан, од претходно се обвинети 4 други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 4.9.2024 година, а за евнтуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известена“, извести Кривичниот суд од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесено обвинение за Љупчо Палевски за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски