еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од денеска до вторник прв уписен рок за средните училишта

Од денеска до вторник (25. јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2. јули до 15 часот.

Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука (МОН) и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН појаснуваат дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

-Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава, посочи МОН.

На крајот на март МОН го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во него се наведени потребните документи, начинот на аплицирање и конкурсните рокови.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места по првото пријавување, секое училиште треба да ја објави на 26. јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28. јуни на јавно место во училиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

81-годишен дедо во Скопје допирал деветгодишно девојче

Редакција

Цените на енергијата треба да паднат на почетокот на 2022 година, велат од ММФ

Редакција

(Видео) Сузбиенa организиранa криминалнa групa од Охрид и Струга, инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

Редакција