еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Од еден поинаков аспект – конференција за женско лидерство и премостување на родовиот јаз во М6 Едукативен центар

Како родовата еднаквост и промовирање на женското лидерство може да донесе забрзан развој во општествениот и бизнис секторот?

Кoлку секој поединец, вклучително и мажите  треба да бидат дел од ова движење за навистина да се постигне родова еднаквост?

Дали начинот на воспитување на младите води кон градење на индивидуи кои размислуваат и ќе делуваат надвор од стереотипите за родовите улоги?

Ова се дел од прашањата кои ќе се дискутираат на конференцијата „Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, која ќе се одржи на 21.12.2023 година во М6 Едукативниот центар, информираат од таму.

Настанот ќе креира единствена можност за инспиративни говори, панели и дискусии од страна на претставници од институциите, од дипломатскиот кор во земјава, личности кои се вклучени во креирање на општествените политики, претставници на бизнис секторот и младинските организации.

Говорниците, подеднакво мажи, жени и млади лица, ќе дискутираат од различен аспект  – како општеството и како секој пол и генерација ги третираат прашањата за родовата еднаквост.

За сите овие прашања ќе се понудат решенија како да се премости тој јаз кој постои и како да се воспитуваат младите со цел новите генерации, рамноправно да градат поперспективна иднина заедно.

Конференцијата „Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, е дел од платформата Step Forward на М6 Едукативниот центар, преку која се адресираат разновидни, важни општествени теми и се испраќаат моќни пораки до сите засегнати страни, a се креираат и тренинг програми наменети за развој на компаниите и индивидуите.

Овој настан е вовед во новите тренинг програми во М6, кои имаат за цел развој на ESG филозофија на работење во секоја организација.

Во оваа насока работи и М6 и со таа цел, присуството на конференцијата ќе биде со симболична котизација, а собраните средства ќе се донираат за децата и младите згрижени во СОС Детско Село, што му дава на настанот и хуманитарен карактер.

Поради ограничениот број на места, конференцијата ќе може да се следи и онлајн.

Регистрацијата за присуство може да се направи тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска стартува кампањата за првиот круг од претседателските избори, ќе трае до 22. април

Редакција

13-годишниот Дарјан Мирчевски освои златен медал на математичката олимпијада “Коперникус” во САД

Редакција

Почина деветмесечно бебе во болницата во Струмица, полицијата спречи инцидент од роднините

Редакција