еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска ја повика Владата да го разреши од должноста претседателот на Агенција за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски поради незаконско работење при распределбата на финансиски средства на спортски федерации и екипи, и „итно да ја замрзне постапката за доделување спортски ваучери, која е во тек за 2023 година“.

Претходно денеска Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на Мојсовски и членовите на централната комисија на АМС поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови во периодот од 2020 до 2022 година.

Надоврзувајќи се на оваа одлука, МОК во писмо до Владата и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, посочува дека во „конечниот извештај на Државниот завод за ревизија прецизно се констатирани сите незаконски дејанија во работењето на раководството на АМС„ при „распределба на милионски суми без никаква контрола и механизми“.

-Ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти.

Одговорноста за брза и ефективна реакција е ваша и е исклучиво во ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем, се бара во писмото на МОК до Владата и вицепремиерката Грковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт

Фото: Фејсбук/Мојсовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицата кои се заразија со коронавирусот на семеен настан во Скопје се од Чаир

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на М.Ж. Транспорт за набавка на горива вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Од Ковид-19 починале 27 лица, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција