еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од следната недела нов топлотен бран

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено во почетокот на идната недела, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 степени, а во Скопје сончево и топло со мала облачност и температура до 37 степени.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед; Акции од Македонската берза со најголем пораст и пад на вредноста во март

Редакција

Убава вест: 133 оздравени од Ковид-19

Редакција

ЕУ не признава бојкот: Хан побара политичките лидери да ја почитуваат одлуката на мнозинството

Редакција