еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од 1. април ЕУ ќе го возврати ударот на САД со царини од 25%, за увоз на челик и алуминиум

Од 1. април Европската Унија (ЕУ) ќе го возврати ударот на САД со царини од 25 отсто, за увоз на челик и алуминиум, информираа од Европската комисија.

Според претседателката Урсула фон дер Лајен, се очекува тие да изнесуваат околу 26 милијарди евра.

„Длабоко жалиме за оваа мерка. Секогаш ќе останеме отворени за преговори. Ние цврсто веруваме дека во свет полн со геополитички и економски несигурности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини.

Царините се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. Овие тарифи ги нарушуваат синџирите на снабдување. Тие носат несигурност за економијата,“ изјави Фон дер Лајен.

Комисијата соопшти дека производите од челик и алуминиум ќе бидат погодени со реципрочните мерки, но и текстилот, кожните производи, апаратите за домаќинство, куќниот алат, пластиката и дрвото.

Ќе бидат погодени и земјоделските производи – вклучувајќи живина, говедско месо, некои морски плодови, јаткастите плодови, јајцата, шеќерот и зеленчукот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајванската компанија „Јагео” влегува во Македонија со 205 милиони евра инвестиција, треба да отвори 4.000 работни места

Редакција

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери

Редакција

(Фото) Селфи-фотографијата на Заев и Ципрас на насловна страница на „Фајненшал Тајмс“

Редакција