Во македонското Собрание е изгласан Законот за реорганизација на органите на државната управа, со кој бројот на министерства од 16 се зголемува на 20.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо 16 ќе има 20: Со 88 гласа „за“ донесен Законот за реорганизација на министерствата
Освен нови, дел од министерствата се реорганизираат.
Оваа се сите министерства: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за односи меѓу заедниците, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за европски прашања, Министерство за финансии, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Министерство за образование и наука, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за локална самоуправа, Министерство за култура и туризам, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за јавна администрација, Министерство за транспорт, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за спорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги поднесе предлог-измените: Кои министерства ќе се реорганизираат, а кои ќе бидат нови