еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Општина Центар донесе препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на настава

Градоначалникот Горан Герасимовски информираше дека Општина Центар донела низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.

„Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот.

Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво“, вели Герасимовски.

Овие насоки се донесени врз основа на препораките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји. Истражувањата на кои се повикува УНЕСКО покажуваат дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат особено негативно влијание врз децата кои имаат потешкотии во учењето. Дополнително, децата повеќе разговараат меѓусебно и се дружат, што ја поттикнува социјалната интеракција, посочуваат од таму.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Редакција

Убава вест: 144 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 105

Редакција

(Видео) Славески и го зеде микрофонот на Арсовска, таа нему копчето: Циркуз во Советот на Град Скопје

Редакција