еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на извозот за 5,7%

Од Државниот завод за статистика информираа дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до август 2024 година изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 отсто.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Редакција

Македонски Телеком ќе дели дивиденда

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 од 1.601 тестирања, бројката на активни е 273

Редакција