еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски ќе побара изземање на Обвинителството, неговиот адвокат реагираше за презентираните снимки

На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо најави дека на следното ќе побара изземање на Основното јавно обвинителство, кое денеска презентираше два сета на снимки од надзорни камери за движењата на возилата со кои управувале дел од обвинетите на клучните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството презентираше снимки за движењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Тој го обвини Обвинителството за неправилно водење на процесот и селективно прикажување на доказите.

Палевски рече и дека ќе поднесе приговор за листата од 197 материјални докази на Обвинителството, наведувајќи повеќе примери за наводни пропусти, како дуплирани документи, неуредни записи, недоследна валидација…

Неговиот адвокат, Јовица Страшески, исто така приговараше на презентираните снимки, посочувајќи дека на поголемиот дел од снимките не се гледаат табличките на возилата, со што се доведува во прашање нивната директна поврзаност со кривичното дело, а според него не било презентирано и како Обвинителството констатирало дека возилото „ситроен“ било преместено од Триангла во Бутел, и дека не биле видливи таблиците на овој автомобил на снимките.

Според него не е е прикажан и конкретен доказ за движење на возилата кон зградата на Вања Ѓорчевска, а подвлече и дека било „чудно“ како Судот го дополнувал записникот со забелешки во врска со видеозаписите, со што, според него, е направено мешање во презентирањето на доказите.

Судењето продолжува на 27. јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски се уште недостапен, одбиено барањето на Палевски за изземање на Стефановски

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Виталиа отвори продавница во Мароко

Редакција

Не наседнувајте на лажни пораки наводно испратени од директорот на БЈБ, Тасевски, предупредуваат од МВР

Редакција

Сите детали: Како да проверите дали сте корисник на домашна платежна картичка?

Редакција