еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Партијата на Реџепи прва се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

Народно движење, партијата на поранешниот пратеник на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд е првата која се приклучи на предизборната коалиција на владејачката ДУИ, “Европски фронт“.

Тој денеска со лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја офицјализираше соработката за престојните избори.

Ахмети по настанот изјави дека се разговара и со други партии да станат дел од оваа коалиција, спомнувајќи ги Алијанса за Албанците, за која судот се уште не решил чива е, со ДПА на Мендух Тачи, со Европска демократска партија на Аријанит Хоџа, кој е поранешен заменик претседател на Беса, како и со со турски, бошњачки и ромски партии.

Фото: Османи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи ќе проверува кој стоел позади македонскиот клуб кој викендов се отвара во Благоевград

Редакција

Нови 190 случаи на Ковид-19 од 1.530 тестирања

Редакција

Во блок-трансакција вредна 1,2 милиони евра продадени 7.016 акции од „Алкалоид“

Редакција