Од ЗНАМ – За Наша Македонија, која ќе биде дел од идната влада, ги соопштија имињата за кандидати за министри.
За министер за правда кандидат на ЗНАМ е Игор Филков, а за министер за јавна администрација – Горан Минчев.
Филков е од Скопје и е роден 1979 година. Тој е претседавач на Централниот одбор на ЗНАМ и е член на Извршниот одбор. Филков е управител на компанијата „Спектрум медикал“ од Скопје, а претходно бил надворешен соработник на проектот на ФАО-Канцеларија Скопје.
Минчев е роден 1972 година во Скопје. Тој е дипломиран економист и генерален секретар на ЗНАМ. Бил и пратеник во македонското Собрание во периодот од 2008 до 2014 година, директор на Службата за општи и заеднички работи во перидот од 2003 до 2006 година и заменик-директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од 2002 до 2003 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати кандидатите на Беса за идни министри
Фото: ЗНАМ