еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Политичарите ја злоупотребија Комисијата за историски прашања со Бугарија, велат нејзините поранешни членови

Неодговорното однесување на политичарите во двете држави и неодговорните и политизирани изјави на дел од членовите на бугарскиот тим, ја злоупотребија историската Комисијата со Бугарија за политички и партиски цели и интереси во двете земји, се вели во соопштението на шестте членови на македонскиот дел од Комисијата, кои Владата пред два дена реши да ги смени со нови, со образложение дека е незадоволна од нивната работа.

Поранешните членови на Комисијата сметаат дека и заминување на поранешниот член, а сега новиот претседател на Комисијата, Ванчо Ѓорѓиев, било политички мотивирано и злоупотребенa.

„Дел од политичарите и од интелектуалците, а посебно историчарите, од лукративни и политички причини, но и од незнаење, ја прифатија реториката и пристапот на бугарската страна со што во јавноста, без никакви аргументи, беше наметнат впечаток дека Комисијата дискутира за идентитетот и дека прави ревизија на македонската историографија.

На тој начин, нашето општество наивно влезе во стапицата на националистите во Бугарија и нивната намера да наметне дискусија за овие прашања низ призма на политички интереси“, се наведува во соопштенито.

Тие додаваат дека довело до целосно игнорирање на идејата Комисијата, по примерот на сличните комисии во Европа, да помогне да се дојде до ослободување на наставата по историја од идеолошки и националистички влијанија и да се дискутира за минатото на академско ниво, надвор од влијанијата на политички групи.

Поранешните членови во соопштението наведуваат дека во минатото Комисијата била постојана мета на политички мотивирани напади, но дека такви напади имало и изминатите неколку недели. Притоа тие го посочуваат премиерот Христијан Мицкоски, дека тој според своите лични погледи, неаргументирано, со обвинувачки и навредливи изјави за нивната работа ги делел граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“.

„Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси. Тоа е неодговорно и несериозно и за еден премиер и за еден професор“, се додава во соопштението.

Историчарите кои до пред два дена беа дел од тимот кој требаше да ги надмине надмине историските несогласувања со бугарските колеги во рамки на историската Комисијата со Бугарија му забележуваат и на шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, дека Комисијата ја прогласил за политичко тело кое треба да штити стратешките надворешно-политички позиции на Македонија.

„На тој начин министерот кажа дека историјата и науката ќе бидат во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи. Тоа е позиција која ја посакува токму официјална Софија, односно за историјата да се дискутира низ призма на политиката, а притоа сета одговорност за таквиот пристап да е на македонска страна“, велат поранешните членови на Комисијата.

Тие посочуваат и дека е неопходна промена на методологијата во работата на Комисијата и вклучување експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ, со што би се создале услови негативните политички влијанија да се тргнат настрана од работата на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванчо Ѓорѓиев е нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија, назначени и нови членови

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

Редакција

Најтрофејниот македонски автомобилист Иџе обвинува дека е заборавен од Агенцијата за млади и спорт

Редакција

Со испитување на вештакот Јакуп Мамути продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција