еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Поточиња 2025“ на 12 и 13. април во Филхармонија

На 12 и 13. април во Филхармонија по 22. пат на големата сцена ќе блеснат единствените „Поточиња“ и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации.

„Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни кои со нетрпение чекаме да Ви ги отпееме, а фантастичниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) е задолжен за атмосферата на фестивалските денови да биде на највисоко ниво.

Затоа, Ве каниме сите заедно да играме, да пееме, да се смееме, да се радуваме и да се забавуваме,“ велат организаторите.

Билети во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: mktickets.mk.

Цената на билетот до 28, март е 400 денари, а од 29. март – 450 денари.

Минатогодишното издание „Поточиња 2024“ одржа дури седум фестивалски претстави во Филхармонија на кои присуствуваа над 6.500 деца.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

Редакција

Владата препорача спортските натпревари да се играат без публика, јавните собири да се откажат до 6 март

Редакција

Убава вест: Оздравени 505 болни од Ковид-19

Редакција