еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад, не значи дека потекнуваат од Македонија, велат од МВР за обвинувањето од Венецуела

Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите кои биле одржани на 28.07.2024 година се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси, Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани и исто така наведуваме дека до сега, не се пристигнати никакви барања или информации во однос на горенаведеното од страна на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна.

„Исто така, ја информираме јавноста дека дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонија, односно по досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или пак да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери.

Најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер и без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел блокирање, преоптоварување на истата,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела обвини за хакерски напад од Македонија при пребројувањето на гласовите на претседателските избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Уникатно доживување во етно-ресторанот „Дедо Димо“ во срцето на Куратица

Редакција

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Редакција

Откако ги искритикуваа, МВР ќе ја реформира УБК

Редакција