еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

По обилните врнежи, водата во Гостивар е небезбедна за пиење

Јавнто комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“ од Тетово информира дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, а градот Тетово се снабдува со намалено количество вода.

Екипите на ЈКП Шар се на теренот за брзо решавање на проблемот. Известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13:00 до 15:00 часот и во период од 1:00 до 4:00 часот, стои во соопштението на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Јавнто претпријатие (ЈП) „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

– До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот, информира ЦУК.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица позитивни на Ковид-19 од гостиварско излегле од изолацијата и отпатувале во странство

Редакција

(Фото) Прв случај на приведување македонски државјанин за шверц на мигранти во Бугарија

Редакција

Факти за мајмунските сипаници

Редакција