Од МВР информираа дека вчера во 18.35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортирала лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.
Од преземените мерки констатирано е дека се работи за Н.С. (35) од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом.
За настанот е известен јавен обвинител, а по нивно барање, телото е предадено на семејството.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.