еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Првпат во Македонија изведена револуционерна операција на скршеница на лакт

Од Министерството за здравство информираа дека за првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.

Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот.

Оваа интервенција е изведена на Клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.

Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра – инструментарка Елизабета Јовановска и ртг техничарот Тони Цветковски.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балансерот за вработување по етничка линија ќе се укинува во фази

Редакција

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Редакција

Минималната кошница за март 59.000 денари, за 1.600 повисока од февруари

Редакција