Од Министерството за внатрешни работи информираа дека е приведен хирург од Клиничка болница Битола поради примиање мито за да изврши операција.
„На 28.01.2025 година во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.
Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.
Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.
М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава“, изјави портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.
Фото: МЗ