еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија отворен повик преку кој се покануваат деца и млади на возраст од 14 до 17 години да се придружат на двегодишната програма против онлајн врсничко насилство и говор на омраза, информираат од Фондацијата.

Под слоганот „Блокни го хејтот“, програмата претставува продолжение на долгогодишното  партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое се обезбедува помош на децата и на младите за да се справат со некои од најголемите предизвици на нивната генерација.

Иницијативата ќе опфати 50 деца и млади од целата земја. Тие ќе имаат можност да станат дел од трансформативна програма којашто ќе им овозможи да се здобијат со вештини и да ја градат својата отпорност, ќе им даде простор креативно да се изразат и насоки како да инспирираат други.

Преку програмата и со поддршка од ментори и психолози, учесниците ќе осмислат иновативна кампања против омразата на интернет.

Оваа двегодишна програма ќе се спроведува во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија и ќе опфати повеќе обуки, работилници и состаноци од кои дел ќе се одржат во Извидничкиот центар во Охрид.

Кој може да се пријави?

Секој на возраст од 14 до 17 години од целата земја.

Секој што ќе се посвети на програмата до крај и ќе учествува во активностите што ќе следат.

Како може да се пријавите?

Заинтересираните учесници треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк.

Рок за пријавување: 27, април, 2025 година.

Целта на партнерството е да се создаде движење за интернет без онлајн врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции што ќе ги спроведуваат деца и млади како застапници коишто ќе инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Даниловски: Новите мерки немаат никаква смисла

Редакција

Доктор Беќаровски: Индија е првата земја која ја има лиценцата за новиот лек за Ковид-19 и за разлика од цената на „Мерк“, ќе чини 25 долари

Редакција

Штипскиот градоначалник Николов се прости од 22-годишната девојка која си го одзеде животот: „Каратистка, вредна медицинска сестра, прекрасна личност“

Редакција