еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

При одлуката за цената на осигурувањето, да се земе предвид реалната состојба, велат од Националното биро за осигурување

Од Националното биро за осигурување (НБО), во пресрет на денешната седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, која треба да одлучува за поскапувањето на полисата за задолжителното авто осигурување, соопштија дека „одлуката треба да ги земе предвид интересите на крајните потрошувачи, но и реалната пазарна состојба, како и условите под кои работат осигурителните компании“.

Се надеваат, како што наведуваат во соопштение дека „Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при донесувањето на соодветен заклучок поврзан со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании ќе направи детална и сеопфатна анализа, пред да донесе избрзана одлука“. Исто така и дека „нема да носи политичка одлука“.

„Фактите велат дека Осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност (АО) во 2023 претрпела загуби во износ од 176 милиони денари, и дека веќе 15 години, во периодот од 2008 до 2024 цената на АО е непроменета, иако на тоа се укажувало веќе долг период.

Во услови кога цените на автомобилите пораснале од 70 проценти до 100 проценти, на резервните делови за 100 проценти, платите за 83 проценти, индексот на трошоци на живот од 2008 до 2023 година за 52,83 проценти, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215 проценти, апсолутно реално е да се очекува промена на цените за автомобилското осигурување.

Ниту еден од горенаведените трошоци не е регулиран од државата на начин на кој е регулирана цената на автоодговорноста и осигурителната индустрија нема контрола над овие трошоци,“ се вели во соопштението.

Национално биро за осигурување дополнува дека автомобилското осигурување е единствената категорија во нашата земја која 15 години не претрпела корекција, а за која, се подвлекува во соопштението, одредбите од Законот јасно укажуваат дека е потребна годишна промена.

„Македонија е една од ретките држави каде државата се уште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар.

Меѓутоа оваа реформа се уште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите. Осигурителната индустрија годишно исплаќа над 38 милиони евра штети по автомобилско осигурување. Дополнително осигурителната индустрија ги покрива и штетите предизвикани од неосигурени возила, за што дополнително годишно исплаќа уште 1,5 милиони евра,“ велат од НБО.

За да ја обавува својата функција, непречна исплата на штети и заштита на осигурениците, дополнуваат од Бирото, осигурителната индустрија мора да е стабилна и да ги следи општите пазарни движења кои директно влијаат на висината на штетите и трошоците.

„Имаме најниско задолжителното автомобилско осигурување во регионот. Од Националното биро за осигурување се надеваат дека денес комисијата нема да избрза, нема да носи политичка одлука, и дека ќе ги направи сите анализи со цел носење исправна и пазарно ориентирана одлука,“ се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реално е покачувањето на цената на осигурувањето при регистрација, велат од Националното биро за осигурување

Регистрацијата на возилата поскапува за 15%, зголемена е цената на осигурувањето

Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано, реагираат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со Детската кардиохирургија во „Жан Митрев“ земјава станува медицински центар на Балканот

Редакција

Метереолозите прогнозираат суво и ведро време за Нова Година

Редакција

76-годишен човек починал во Дом за стари лица, телото предадено на обдукција

Редакција