еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Промоција на нови дизајнери во Лаб дизајн маркет

Утре сабота, 8. јуни во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ во 12 часот напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери кои месецов ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот. Четири сосема нови брендови ќе ги понудат своите рачно изработени колекции.

„Мус“ е бренд зад кој стои Сандра Георгиева, препознатлив по рачната изработка на мокасини од кожа за најмалите од 0 до 2 годишна возраст. „Дана Андо“ е бренд на дипл. инж. архитект Даниела Хаџиќ која за прв пат ја претставува „Артифициелната шума“ – колекција на рачно изработени масички од разни видови дрво.

Челичните и алуминиумските парчиња накит од брендот „Solar Creations“ на Јоланда Попоска се исплетени во прастарата техника наречена оклоп (chainmail). Станува збор за поврзување на метални алки во различни плетки создавајќи еден вид на мрежа од која се изработувале витешки кошули и оклопи и која се смета дека потекнува уште од 3 и 4 век пред нашата ера. Маја Танева создава линеарни скулптури од челични јажиња со кои го остава својот печат на уникатност на нашата сцена.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

Маркетот прикажува една нова современа форма на традиционалните македонски занаети и за прв пат ги поврзува занаетчиите и дизајнерите во заедница од која се очекува да произлезат многу нови соработки, а воедно и се очекува и зајакнување на македонската дизајнерска сцена.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 644 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Македонските ракометарки се пласираа во баражот за Светското првенство

Редакција

Централниот одбор на ДУИ го овласти Али Ахмети сам да донесе одлуки по меѓупартиски преговори

Редакција