еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хорор во Скопје: Претепал и сечел со стакло 14-годишно девојче бидејќи скршила огледало

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство. На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот.

„На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата.

Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци.

За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот проценил дека се уште постои опасност од бегство на обвинетиот, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Од тие причини тој од Основниот кривичен суд Скопје побара да ја продолжи определената мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои компании ќе плаќат данок на солидарност

Редакција

Повозрасно лице загина во село Псача од пожар на отворено

Редакција

Функционер на ДУИ: Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити

Редакција