еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Повозрасно лице загина во село Псача од пожар на отворено

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово информираше дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на селото Псача.

Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.

„Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради задушѕвање од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата“, велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

Редакција

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Редакција

Малолетник, кога бил забележан дека краде, скокнал од високо во трговски центар и тешко се повредил

Редакција