еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на српското издание на „Вештица“ од Венко Андоновски на Белградскиот саем на книгата

Утре, на 22. октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот „Вештица“ на Венко Андоновски.

По одличниот успех на бугарското издание на романот, „Вештица“ доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ-Стојковска, а ова е прво издание во Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар.

За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, преведувачката Љиља Цревар и авторот.

Како најава, се навраќаме на зборовите на еден од најпознатите светски современи автори, Милан Кундера, кој за „Вештица“ кажа: „Во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што „Вештица“ станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува“.

А во меѓувреме, во превод на руски јазик, најновиот роман на Андоновски, „Папокот на светлината“, ја доби меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ во Русија, како и наградата „Стале Попов“ за најдобар роман, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

Една година по објавувањето, тој го доживеа своето петто издание, што подразбира 4. 000 продадени примероци. Отсега, романот, кој е цела една анатомија и историја на злото, за домашната читателска публика е повторно достапен во ТРИ.

Оттаму ги покануваат сите читатели што сè уште не си го обезбедиле ова ремек-дело, да го сторат тоа, а сите кои имаат можност да присуствуваат на 67. издание на белградскиот Саем на книгата, да повелат на промоцијата на српското издание на еден од најзначајните македонски автори.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заокружете го 30. ноември – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“

Редакција

Петтото издание на Флипбук Филм Фестивал ќе се одржи од 8 до 11 август

Редакција

(Фото) НЛБ Банка стана генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија

Редакција