еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15. јануари 2025 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година.

Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2025 година и да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 26. пат.

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска („Три“, 2023) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија: Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море повеќе не важи

Редакција

Ковачевски уверен дека МВР ќе спречи инциденти на чествувањето на роденденот на Делчев

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи нови акции на ОКТА

Редакција