еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во октомври раст од 8% на депозитите и од 5,3% на кредитите

Во октомври на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8%, како резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот “домаќинства“, соопшти Народната банка (НБ).

Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,3% и произлегува од зголемувањето на кредитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот “домаќинства“.

-Паричната маса во октомври забележа месечен пад од 0,7%, во поголем дел како резултат на намалените депозитни пари и краткорочните депозити, при помал придонес кон падот и на готовите пари во оптек, a во услови на раст на долгорочните депозити до две години.

На годишна основа, паричната маса е зголемена за 5,2%, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, при позитивно влијание и на останатите компоненти, велат од таму.

Во октомври, вкупните депозити се намалени за 0,3% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст.

Кај вкупните кредити во октомври е забележан месечен и годишен раст од 0,3% и 5,3%, соодветно, кој произлегува од зголемувањето на кредитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Во октомври, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 1,8%.

-Надолната промена пред сè е резултат на пониските депозитни пари, при пад на краткорочните депозити во странска валута и на вкупните долгорочнидепозити, во услови на раст на краткорочните депозити во денари.

На годишна основа е забележан раст од 14,1%, во поголем дел поради повисоките краткорочни депозити во странска валута, при остварен дополнителен раст и кај депозитните пари и долгорочните и краткорочните депозити во денари, велат од НБ.

Кредитите на корпоративниот сектор, овој месец, бележат минимален месечен раст од 0,1%, при годишен раст од 4,1%.

-Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад накредитите во странска валута, велат од таму.

Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата се зголемени за 0,3% на месечно ниво, во целост како резултат на растот на долгорочните депозити во странска валута и во денари, во услови на забележан пад кај останатите компоненти.

Годишниот раст изнесува 6,8% и се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат пад.

Кај кредитите на домаќинствата, овој месец, е забележан месечен раст од 0,5%, како резултат на повисокото кредитирање во денари и во странска валута, поизразено кај кредитите одобрени во денари.

На годишна основа, кредитите се повисоки за 6,3%, во поголем дел поради растот на кредитите во странска валута, при забележан раст и на кредитирањето во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,3% и 0,8%, соодветно, при годишен раст од 5,9% и 10,4%, соодветно.

Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 0,8% и 13,2% на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад од 0,4% и 3,4%, соодветно.

Во октомври, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно и годишно зголемување од 0,4% и 8,5%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 17,4%, на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јосифоска: Избледнува мислењето дека во светот на инженерството, мажите доминираат

Редакција

ТЕ-ТО уште два месеци ќе обезбедува дополнителни количини струја

Редакција

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Редакција