Очекувано не само во светот и во Македонија топ тема во јавноста и на социјалните мрежи е средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп јавно го понижи Зеленски, договорот за минералите остана непотпишан
Трамп наместо зад затворени врати, реши јавно пред целиот свет да го понижи, да го обвини дека не е за завршување на војната, но и дека нема благодарност за досегашната американска помош.
Вакво однесување и прекршување на сите можни дипломатски протоколи пред камера светот досега нема видено.
Зеленски предвреме ја заврши посетата на САД, и не го потпиша договорот за минералите кои Трамп ги бара во замена за американската помош.
По средбата зад Зеленски застана Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како би изгледала тепачка помеѓу Трамп и Зеленски
Еве дел од реакциите во Македонија на Х:
Понекултурно, одвратно, насилничко, агресивно понашање од Трамп со Зеленски, јас не памтам да видам дури и од Балкански политичар.
Трамп скроз полудел, а Европа да си го бара чарето, пошто со будалетинкава тешко дека ќе искочиме на крај.— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) February 28, 2025
Срамно е однесувањето на Трамп и Ванс со Зеленски. Му прават класичен булинг.
Целата ситуација ме потсеќа на дешавки кога богатиот чичко од дијаспора ќе ти донесе нешто за после да очекува да висиш на конец за него секогаш кога ќе има потреба од тебе.— Ибе Паликуќа (@Ibe_Palikukja) February 28, 2025
Во моментов во охрид втора рунда преговори Трамп – Зеленски pic.twitter.com/NNj2lfHy8J
— Премиерот (@SamoMercedes) March 1, 2025
Децата ви дишат загаден воздух…
– Да ама виде ли Трамп шо му кажа на Зеленски…— Ристо Разбираш (@luck15c) March 1, 2025
Невидено ниско ниво на емпатија и интелигенција имаме, каков мајтап терате демек виде шо му направија Трамп и Венс на Зеленски ликувате, а не гледате дека на Украина моментално и се случува тоа што и се случуваше повеќе пати на Македонија во историјата. Жално и бедно…
— Ristov🇲🇰 (@MrRistov) March 1, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски не смета дека треба да му се извини на Трамп, ниту дека е направено нешто погрешно