Семејство со две мали леца заглавиле кај Леуново, информиара од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Од 112 во 10:21 часот, добиена е пријава за заглавени лица од ТППЕ Гостивар во снегот кај село Леуново. Исто така, во 11:43 часот, добиена е пријава и за заглавено возило (фамилија со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, с.Леуново.
РЦУК Тетово извести дека од страна на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци добиле информација дека висината на снежната покривка е околу 80 см, и дека веќе работат на расчистување на патот околу Мавровско Езеро, но истото им е отежнато поради паднати дрвја на патот,“ се вели во соопштението.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.