еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МЕПСО цел на кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер напад, но, како што соопштија денеска од таму, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.

Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.

„Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако МЕПСО ги има превземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен, сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид.

Имајќи предвид дека основната дејност на МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад.

Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени,“ се вели во соопштението.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.

„Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата,“ велат од таму.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓански протест пред фабриката „Пејпр мил“ во Кочани, побарана ревизија на А интегрираната еколошка дозвола

Редакција

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, 54.170 примиле трета доза

Редакција

Соборниот храм по повод Велигден: Верниците треба цврсто да веруваат дека вистинската надеж секојпат е во Бога

Редакција