Денеска се упокои митрополит Дебарско-кичевски, Тимотеј.
Тој ја загубил битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето.
Тимотеј е роден на 20. октомври 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија.
Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На Богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
Фото: Православно секојдневие
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.