еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска за истрагата за Зекири: Имаме податок каде се парите

Обвинителката Вилма Рускоска за Слободен печат изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството за организиран криминал го добило во втората половина на 2021 година.

– Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втора половина на 2021 година.

Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените.

По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму.

Имаме податок за тоа каде се парите.

Осомничените хрватските државјани, според нашите информации, не се наоѓаат во државава, но ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколкку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска, појаснува Рускоска за Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зекири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата

Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Редакција

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

Редакција

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Редакција