еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Синдикалната кошница за октомври 61.249 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за октомври изнесува 61.249 денари, и споредено со вредноста во септември кога изнесуваше 61.306 денари е намалена за 57 денари.

„Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во октомври која изнесува 22.069 денари споредено со септември 23.034 е намалена за 965 денари,“ информираат од ССМ.

Според ССМ, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината.

Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршена армирано-бетонската конструкција на првата од четирите станбени кули на проектот „Diamond of Skopje“

Редакција

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

Редакција

Детален преглед: Кои се фирмите што добија субвенции од програмата за микро, мали и средни претпријатија?

Редакција