еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова гледа деблокада на македонските евроинтеграции: „Има исчекор“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека имало исчекор во македонските евроинтеграции и дека очекува деблокада на процесот.

Подвлече и дека Македонија покажала невидена и нечуена кооперативност во процесот, но и дека тој не зависи само од нас.

Оптимозмот претседателката го базира на „креативни предлози“ на Групата за пријатели на Западен Балкан.

„Ново е што Групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има “креативни предлози“, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“, рече таа, посочувајќи дека е потребно време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство.

Неодамна во Аушвиц таа се сретнала со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

„Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање. Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија“, кажа таа.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Се враќаме во нормализација со Ковид-19, нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци

Редакција

Отфрлена кривичната пријава против сопственик на менувачница кој во нужна одбрана лиши од живот две лица

Редакција

(Видео) Дел од ограда на мост и рекламно пано паднаа врз возила во движење во скопска Автокоманда

Редакција