еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова го отвори прашањето за доброволно служење воен рок

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова го отвори прашањето за доброволно служење воен рок.

„Дел од младите луѓе имаат желба како некогаш да бидат дел не само од професионална армија, туку доброволно во вооружените сили. Можеби би требало за тоа да поразговараме.

Независно која би била одлуката по дускусијата, ова што го видовме ни дава чувство за безбедност,“ рече Сиљановска Давкова, која денеска присуствуваше на показната вежба на припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

Нејзиниот став е дека треба да се размислува во таа насока, да се иницира дискусија, да се чујат експертите по прашањето.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија: Нема да брзаме со проширувањето на ЕУ, не е во ред да се обвинува Бугарија за попречување

Редакција

Бугарија со нота до Македонија: Реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Редакција

УНЕСКО донесе предлог одлука Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасност

Редакција